Инвестициското злато ќе се увезува без царина

Bez autora
Jun 11 2013

Македонската Влада ги укинува царините за увоз на благородни метали за да ја подигне извозната конкурентност на домашната индустрија. Со измените на Законот за царинската тарифа, кои веќе се во собраниска процедура, сегашната царина од 7 отсто се сведува на нула. Со измените се предвидува целосна либерализација на тргувањето со инвестициско злато, а и со други необработени благородни метали, како платината. Поради тоа, се очекува да поевтинат репроматеријалите за компаниите што во производството ги користат овие благородни метали. Таква компанија е „Џонсон Мети“, фирма што има значаен процент од вкупниот извоз на земјата со произведените катализатори за автомобили.

Инвестициското злато ќе се увезува без царинаМакедонската Влада ги укинува царините за увоз на благородни метали за да ја подигне извозната конкурентност на домашната индустрија.

Со измените на Законот за царинската тарифа, кои веќе се во собраниска процедура, сегашната царина од 7 отсто се сведува на нула. Со измените се предвидува целосна либерализација на тргувањето со инвестициско злато, а и со други необработени благородни метали, како платината. Поради тоа, се очекува да поевтинат репроматеријалите за компаниите што во производството ги користат овие благородни метали. Таква компанија е „Џонсон Мети“, фирма што има значаен процент од вкупниот извоз на земјата со произведените катализатори за автомобили.

- За да се подобри извозната конкурентност на домашната индустрија, се предлага да се овозможи целосно бесцарински увоз за одредени необработени благородни метали (злато и платина) без разлика на земјата на потекло. Истовремено се предлага да се либерализира тргувањето со инвестициското злато, односно царинската стапка од 7 отсто да биде 0 отсто при увоз на инвестициско злато и други полупроизводи од легури на злато со различна чистота и различна намена - предлага Министерството за финансии.

Оттаму велат дека со донесувањето на наведените предлози ќе се изврши либерализирање на прометот и на тргувањето со инвестициско злато, но и значително ќе се зголеми увозот на необработени благородни метали, а со тоа и производството и извозот на катализатори и нивното учество во структурата на вкупниот извоз.

Во Македонија злато од странство купуваат само некои преработувачи на накит, а порано поголем увозник беше компанијата „Голдмак“ од Радовиш. Монетарно злато поседува Народната банка и тоа се чува во девизните резерви во количина што не е променета од 2004 година и изнесува околу 6,8 тони. Поради ограничувањата во Законот за девизното работење, граѓани и фирми од земјава не смеат да тргуваат со инвестициско злато. Иако веќе имаше барања, никој од земјава освен пензиските фондови не смее да заработува од купопродажба на овој благороден метал.

- Со донесувањето на предложените измени ќе се поттикне употребата на златото како финансиски инструмент, односно тргувањето со злато - стои во предложените измени на Законот за царинската тарифа.

Претходно Министерството за економија предложи измени на Законот за минералните суровини со кои се предлагаше државата, односно Народната банка да има предност при откупот на злато од домашните производители. Овие законски измени се носеа во координација со централната банка, која реши дека треба да ги зголеми девизните резерви со злато. Во рудникот „Бучим“, каде што се копа бакарна руда со примеси на злато, велат дека засега не ги добиле новите законски измени, кои во секој случај не се однесуваат на нивното работење.

И досега ако овие благородни метали се увезуваа од земји со кои Македонија имаше договори за слободна трговија за увозот не се наплатуваа царини.

- Според направените анализи, фискалните импликации од аспект на намалување на приходите по основа на царина, пресметани согласно остварениот увоз во 2011 и 2012 година за стоките за кои се предлага укинување на царинската стапка, би изнесувале 20 милиони евра, или 1.250 милиони денари, но укажуваме дека од 2010 година не се евидентирани царински приходи при увоз на овие благородни метали поради одлуките за привремено намалување на царинските давачки, донесени од страна на Владата - велат од Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik